Сѐ помалку се слушаа неговите тапи чекори кои имаа звук како да доаѓаа од бунар. Се оддалечуваше сѐ повеќе. Единствено се слушаqa моите осамени чекори газејќи го ладниот асвалт. Се изгуби, повеќе го немаше на видик.
Се сеќавам дека се движев со затворени очи, зашто одбивав да ја почувствувам болката која ја создава реалната слика.
А солзата која толку ја одрекував, се стркала директно на моето ланче со кристали, кое ја осветлуваше глувата ноќ.
И тогаш, едно безвучно „извини“ остана да виси во ноќта. И почна полека да испарува, заедно со него...
Lauren Mars, 2016
Мемоарите на Лорен Марс
Thursday, September 8, 2016
Wednesday, March 16, 2016
Меланхолија
Го подготви кафето токму какво што го сакаше. Голема шолја, четири лажички кафе, две лажички шеќер. Беше премногу врело, па почека да се излади малку, додека седна да пишува. Ниедна мудра мисла не ѝ доаѓаше, па само така шкрабаше неповрзани зборови.
Не ѝ се допадна тоа што го напиша, го избриша и, се фати за шолјата, кафето беше веќе изладено. Таа не сакаше изладено кафе.
Се приближи да отпие една голтка, сфати дека пие талог. Она најгоркото, на дното. Не се ни сети кога го испила целото кафе без да забележи. Кафето го снема, приказата остана недопишана.
Тој, пушејќи ја последната цигара од кутијата, објави тажна песна на Фејсбук. Во неа се пронајдоа три девојки, вклучувајќи ја и неа. На здравје кафето!
Lauren Mars, 2016
Thursday, March 10, 2016
Само едно прашање
„Ти, единствениот кој со својата несигурност, која ја претвораш во игнорирање, можеш во истиот момент да ме фрлиш во длабочините на тагата, бесна, каејќи се што воопшто те познавам и сум ти дала некакво значење, а од друга страна, со само еден збор можеш да направиш да скокам сѐ до таванот, исто како што се чувствувам енергично по испиеното дупло кафе, со четири лажичи.
Да, да, тебе ти се обраќам. Тебе, и никому друг. Имам само едно прашање, како ти успева? Како би го објаснил моето наежување, кое поминува низ целото тело како електрицитет, притоа кревајќи го секое влакненце на истото? А, паѓањето во црна бездна, во која се чини паѓам толку долго, а сѐ уште не сум го почувствувала дното? А, што со онаа љубовна спирала, знаеш, онаа која вртоглаво поминува низ мене, правејќи да го загубам тлото под нозете?
Зарем нема да кажеш ништо? Не, всушност, нема ни потреба, веќе се навикнав на тишината, која понекогаш е толку гласна, што ми ги распарчува мислите.“
Tuesday, January 12, 2016
Неслучајна случајност
„Чудно е тоа како неслучајната случајност умее толку да ги помести границите на неочекуваното.“
Lauren Mars, 2016
Monday, January 4, 2016
Исто различни
И двајцата беа исти. Всушност, сакав да кажам различни. Или пак, исти, но на различен начин. Тој ја спаси од сивилото, а таа му го донесе нему. Тој направи таа непрестано да мисли на него, а во истиот момент тој престана да мисли на неа. И тогаш станаа исти, но различни. Среќни, но тажни. Исполнети, но празни. Случајност? Не, впрочем, сѐ е сплет на околности.
Lauren Mars, 2016
Monday, October 5, 2015
Љубов или навика?
Ист датум, исто место, но четири години подоцна. Зошто? Не знам. А не знае ни тој. Празна соба и многу свеќи во форма на лотус.
Тишина. Ме облија измешани чувства, трпки ми поминаа низ телото, главата ми стануваше сѐ потешка. Стравот од дежа ву можев да го почувствувам низ целата соба. Почна да ме задушува. Свеќите осветлувајќи ни ги телата правеа да треперам уште повеќе. Милиони прашања врескаа толку гласно што можев да го почувствувам пулсирањето на слепоочниците. Љубов или навика? Страст или страв? Надеж или лага? Среќа или тага? Продолжение или крај?
Lauren Mars, 2015
Tuesday, June 2, 2015
Ноќни монолози
Отворам Viber. Ништо. Цел ден ништо. Отворам пак. За секој случај. Пак ништо. Илјада мисли ми се свртеа. Денеска, негов беше редот. Затворам очи. Како молња ми блесна претходната вечер. Го чувствувам како со прстите поминува низ моите раце. Се наежувам. Бакнежите од вратот продолжуваат долж грбот. Почнувам да го чувствувам пулсот во слепоочниците. Не можам повеќе да издржам. Поминувам со ноктите низ целото негово тело. Сѐ посилно и посилно. Омилената песна од Шаде во позадина. Фустанот бесрамно паѓа на подот. Отворам очи. Отворам и Viber. Пак. Овојпат последен е, за денес.
Lauren Mars, 2015
Thursday, April 16, 2015
Кога јас престанав да бидам јас?
Жешка вечер, август, 14 ден, поточно. Ми треба простор, рече, си замина. И тогаш, таа жешка вечер како да ме поли со мраз ладна вода. Неверување, сомнежи, страдања... дали тогаш јас престанав да бидам јас? Не, си велам. Јас сум доволно силна за да успеам да поминам низ некое лошо искуство. Октомври, неколку години подоцна, со неколку непробани шанси претходно. Се случи. Нешто ново, си реков. Но, како поминуваше октомври, така и тоа згаснуваше. Не се јави повторно, како што октомври си замина, така и тој. Се запрашав, дали јас престанав да бидам јас тогаш? Не, не, не може да ме „среди“ нешто толку наивно. Нова година, нови надежи, си повторував во себе. Всушност, чинам, тоа го вели секој кому нешто му ја јаде душата одвнатре, онака колку за изговор. Но, што кога тие „нови надежи“ се претвораат во стари навики? Истите лица околу мене, истите разговори, истите навики. Дали монотонијата направи јас да престанам да бидам јас? Пролет. Почна така тажно. Дождови, ветрови, сиви улици. Кога и да почнев да размислувам, сфаќав дека сум иста како пролетта. Дали јас престанав да бидам јас кога сфатив дека сум сама на светот? Или можеби јас не сум јас уште одамна? Но, кога и тие престанаа да бидат тие?
Lauren Mars, 2015
Wednesday, December 3, 2014
Допири, допири
Нежни допири, груби допири, допири со емоции, допири со мирис на минато, допири кои зад себе оставаат длабоки траги во иднината, допири кои со себе носат солзи, допири кои умеат да го разбудат и последното жарче надеж. Крати допири, долги допири... Допири од кои не знаеш дали да пукнеш од среќа или пак, да се втурнеш во длабочините на тагата. Сочувствителни допири, лажни допири, тажни допири, допири полни љубов, а исто и допири полни омраза. Допири, допири... Сите овие допири можеш да ги почувствуваш од една иста личност и тоа, за многу кратко време, но, кој точно допир ќе го почувствуваш, зависи само од тебе.
Lauren Mars, 2014
Thursday, November 27, 2014
Кратка историја на речиси сѐ
Тие имаа сѐ. Од солзи па до бакнежи, од прегратки па до караници, Но најважно од сѐ - имаа љубов. Токму така, тие беа кратка историја на речиси сѐ.
Lauren Mars, 2014
Thursday, April 24, 2014
Љубов, страст и други перипетии
Lauren Mars, 2014
Tuesday, April 15, 2014
Нашиот бакнеж
„Можеби сокот од нашиот бакнеж се впиваше во нашите срца, но топлината на нашите погледи остана заробена некаде помеѓу сивилото и нашите солзи.“
Lauren Mars, 2014
Lauren Mars, 2014
Tuesday, April 8, 2014
Вистинската погрешна личност
„Трагате по погрешната личност. Но не која било погрешна личност, туку по „вистинската“ погрешна личност - по некого што ќе го допрете со поглед полн љубов, и ќе помислите: „Ова е проблем што сакам да го имам.“ Ќе ја најдам таа посебна личност која е погрешна за мене токму на вистинскиот начин.“
(Извадок од „Daily Afflictions“)
Lauren Mars, 2014
(Извадок од „Daily Afflictions“)
Lauren Mars, 2014
Tuesday, April 1, 2014
Вкусови на погрешното
„Сите ние ја бираме таа посебна личност која е вистинската за нас. Меѓутоа, ако сте проживеале доста врски, почнувате да се сомневате дека не постои вистинка личност, туку само различни вкусови на погрешната.“
(Извадок од „Daily afflictions“)
Lauren Mars, 2014
(Извадок од „Daily afflictions“)
Lauren Mars, 2014
Thursday, March 13, 2014
Не ќе се викаше приказна да се работеше за нешто обично
Нова приказна. Нови надежи. Нови исчекувања. Нови мисли. Нови бакнежи. Нови насмевки. Нови спомени. Сѐ ново, а како да било тука сето ова време. Впрочем, не ќе се викаше приказна да се работеше за нешто обично.
Lauren Mars, 2014
Lauren Mars, 2014
Thursday, March 6, 2014
Читајќи меѓу редови
„Среќата е секогаш тука некаде, пред нас, околу нас... Понекогш, сѐ што треба да направиме е да читаме меѓу редови.“
Lauren Mars, 2014
Tuesday, February 4, 2014
Од денес го мразам
Го мразам како Цеца и Аца Лукас во Скопје,
Го мразам како торта без чоколадо,
Го мразам како скршен нокт,
Го мразам како спонзорушите во Привилиџ,
Го мразам како девојките што ги откачуваат другарките за дечковци,
Го мразам како мушамите надвор во Спалато,
Го мразам како 6ка во индекс,
Го мразам како пицата што ја чекам по пола саат во Ред Кафе,
Го мразам како изладено кафе,
Го мразам како предавања рано наутро,
Го мразам како пропуштен викенд во Спалато и Хавана,
Го мразам како размачкана шминка,
Го мразам како досаден филм, без никаква кулминација,
Го мразам како граматичка грешка во реченица,
Го мразам како строга диета,
Го мразам како фактот дека Бени нема веќе свирки во Хавана,
Го мразам како ветрот кога ми ја разбушавува косата.
Ете така, од денес го мразам.
Lauren Mars, 2013
Sunday, February 2, 2014
За старите чувства
„Нема лек за старите чувства. Тие секогаш знаат да се пробијат низ најтемното и најдлабокото катче од срцето, и да излезат повторно на виделина. Но, зошто да се разгорува жарчето, кога огнот и онака веќе одамна згаснал?“
Lauren Mars, 2014
Lauren Mars, 2014
Tuesday, January 21, 2014
Зборови, зборови
„Зборови, зборови... Така излетани од уста како молња, така нафрлени на купче. Мислиш еден со еден врска немаат. Мислиш ништо не значат. Ама знаат да ја откинат душата и секое парче од телото. Ех, зборови, зборови... Болат како сол на рана. Како трн во око. Како стрела во срце.“
Lauren Mars, 2014
Lauren Mars, 2014
Monday, January 20, 2014
Бура во бурата
„Кога и да помислиш дека бурата само што прекинала, и на повидок е сонцето, кое ќе ти донесе среќа, знај дека доаѓа уште една, поголема бура. Насмевни се, вчера беше полошо од денес, исто како што денес е полошо од утре.“
Lauren Mars, 2014
Lauren Mars, 2014
Wednesday, January 15, 2014
Круг во кругот
„Како што во секое дно, има уште едно, поголемо дно, и после секој крај, има уште низа на краеви, така и во секој круг има круг. И некогаш тој круг се врти со преголема брзина.“
Lauren Mars, 2014
Lauren Mars, 2014
Friday, January 3, 2014
Презир на дланка
Со главата спуштена надолу, и поглед стациониран кон масата,
повремено скришно погледнуваше кон неа. Скаше да ѝ каже колку е среќен што ја
гледа. Сакаше да ѝ рипне во прегратки како мало дете. Сакаше да ја допре
нејзината врела кожа, која секогаш стануваше кадифено мека од неговиот допир. Но
достоен на својата гордост, ноншалантно си пиеше од својот коњак и отсутно
гледаше во телевизорот, слушајќи ја како се кикоти зборејќи со останатите од
собата. Нејзиниот глас, кој некогаш му беше мелем, овојпат го здоболуваше толку
што почна да ја мрази. Почна да ги мрази сите. Почна да се мрази самиот себе. Посака
да е сам, така и најдобро умее да функционира. Сам со себе.
Lauren Mars, 2014
Thursday, December 26, 2013
Ништо не е тоа што беше
Lauren Mars, 2013
Friday, December 20, 2013
Чоколадо за лош ден
Коцка по коцка. Ред по ред. Полека но сигурно чоколадото исчезнуваше од масата. Така ја ублажуваше сета онаа меланхолија која ја беше обземала. Посегна кон чајот од кој сѐ уште се издигаше пареа и испушташе благ мирис. Отпи неколку голтки и сети наплив на емоции, од кои ѝ поминуваа трпки низ телото. Спомени навираа од секунда на секунда. Спомени за кои обожуваше да размислува, а знаеше, знаеше дека тие ја дотолчуваат во целост. Наеднаш почувствува чудна болка која ѝ пулсираше во слепоочниците. Длабоко издиша, и повторно го грабна чоколадото. Единствениот двигател на нејзината моментална среќа.
Lauren Mars, 2013
Subscribe to:
Posts (Atom)