Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: April 2013

Tuesday, April 30, 2013

Сегашноста и минатото


„Човекот во сегашноста постојано го следи секој момент кој го преживеал, сѐ што му се случило во минатото. Нашето искуство влијае на секој наш избор, а во случај на траума, тие случувања го окупираат целиот сегашен живот на човекот. Затоа што минатото никогаш не умира, бидејќи минатото всушност не ни поминало.“

(Извадок од The hypnotist)

   Lauren Mars, 2013

Wednesday, April 17, 2013

А совршенството е само заблуда




„И стварно не ми е јасно зашто сите се во потрага по некоја си перфекција. Од малите работи сакаат да направат големи, несфаќајќи дека среќата е во ситниците. Смешно е тоа како некој би се откажал од сѐ само за малку внимание.
И додека некои се во заблуда барајќи совршенство, јас неуморно уживам во ситниците кои ме исполнуваат.
Го сакам убавото пролетно утро и сонцето кое секогаш ме буди со зраците. Сакам кога ќе седнам во двор и ќе испијам едно слатко кафе, додека мојата мачка седи до мене. Сакам кога ќе си купам нешто ново, дури и да е некое обично фустанче. Сакам кога ќе најдам случајно некоја песна што одамна не сум ја слушала. Ги сакам оние денови во лето кога надвор истура дожд и после почнува да грее сонце. Сакам кога во еден здив ќе прочитам некоја убава книга. Сакам кога некоја досадна вечер спонтано ќе ми се претвори во вечер за паметење. Сакам кога некое попладне ќе го поминам во шетање и кафе со другарките.
Затоа што јас одамна научив дека среќните луѓе се заљубени во малите работи, а огорчените во перфекција, од која не извлекуваат ни грам задоволство.“


   Lauren Mars, 2013

Thursday, April 4, 2013

La vida es un carnaval


:

„Сега погледни наоколу и отвори ги убаво очите. Ќе видиш
дека секој си живее во својот филм. Живеј го и ти твојот филм, но потруди се да добиеш оскар.“
http://www.youtube.com/watch?v=lArGoRhFr4E

   Lauren Mars, 2013