Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: 2015

Monday, October 5, 2015

Љубов или навика?



Ист датум, исто место, но четири години подоцна. Зошто? Не знам. А не знае ни тој. Празна соба и многу свеќи во форма на лотус.
Тишина. Ме облија измешани чувства, трпки ми поминаа низ телото, главата ми стануваше сѐ потешка. Стравот од дежа ву можев да го почувствувам низ целата соба. Почна да ме задушува. Свеќите осветлувајќи ни ги телата правеа да треперам уште повеќе. Милиони прашања врескаа толку гласно што можев да го почувствувам пулсирањето на слепоочниците.  Љубов или навика? Страст или страв? Надеж или лага? Среќа или тага? Продолжение или крај?

   Lauren Mars, 2015  

Tuesday, June 2, 2015

Ноќни монолози


Отворам Viber. Ништо. Цел ден ништо. Отворам пак. За секој случај. Пак ништо. Илјада мисли ми се свртеа. Денеска, негов беше редот. Затворам очи. Како молња ми блесна претходната вечер. Го чувствувам како со прстите поминува низ моите раце. Се наежувам. Бакнежите од вратот продолжуваат долж грбот. Почнувам да го чувствувам пулсот во слепоочниците. Не можам повеќе да издржам. Поминувам со ноктите низ целото негово тело. Сѐ посилно и посилно. Омилената песна од Шаде во позадина. Фустанот бесрамно паѓа на подот. Отворам очи. Отворам и Viber. Пак. Овојпат последен е, за денес.   


   Lauren Mars, 2015

Thursday, April 16, 2015

Кога јас престанав да бидам јас?


Жешка вечер, август, 14 ден, поточно. Ми треба простор, рече, си замина. И тогаш, таа жешка вечер како да ме поли со мраз ладна вода. Неверување, сомнежи, страдања... дали тогаш јас престанав да бидам јас? Не, си велам. Јас сум доволно силна за да успеам да поминам низ некое лошо искуство. Октомври, неколку години подоцна, со неколку непробани шанси претходно. Се случи. Нешто ново, си реков. Но, како поминуваше октомври, така и тоа згаснуваше. Не се јави повторно, како што октомври си замина, така и тој. Се запрашав, дали јас престанав да бидам јас тогаш? Не, не, не може да ме „среди“ нешто толку наивно. Нова година, нови надежи, си повторував во себе. Всушност, чинам, тоа го вели секој кому нешто му ја јаде душата одвнатре, онака колку за изговор. Но, што кога тие „нови надежи“ се претвораат во стари навики? Истите лица околу мене, истите разговори, истите навики. Дали монотонијата направи јас да престанам да бидам јас? Пролет. Почна така тажно. Дождови, ветрови, сиви улици. Кога и да почнев да размислувам, сфаќав дека сум иста како пролетта. Дали јас престанав да бидам јас кога сфатив дека сум сама на светот? Или можеби јас не сум јас уште одамна? Но, кога и тие престанаа да бидат тие?

   Lauren Mars, 2015