Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: June 2013

Tuesday, June 18, 2013

Култ кон емоциите


„ Минатото е минато, но понекогаш остава отпечатоци во иднината. И кога повторно ќе ти тропне на врата, а ти широко ќе му ја отвориш е исто како да земеш пак да ја читаш онаа досадната книга. Затоа не се мисли многу, лупни му ја вратата пред нос најјако што можеш. Запамти, не се враќа затоа што сака, се враќа затоа што може. “

   Lauren Mars, 2013

Sunday, June 9, 2013

Пеколно утро



„Нема ништо полошо од тоа кога ќе се разбудиш и ќе ти текне што сѐ се случувало минатата вечер. Ќе ти текне на сите фатални грешки. И на сите зборови кои ти биле упатени. И најлошо од сѐ е што ќе сфатиш колку би било проклето добро тие зборови да биле вистинити. Сепак, тоа се зборови што лажливата уста не умее да ги оствари.“

http://www.youtube.com/watch?v=RBumgq5yVrA 

   Lauren Mars, 2013

Thursday, June 6, 2013

Понекогаш



„ А најтешко е кога навираат спомени од една слика, од една песна, од еден поглед. Сѐ во дел од таа една секунда. Секунда која се чини како да трае цела година.
Тогаш како да запира времето и солзите како да сакаат да излетаат од очите. Како едвај да чекаат да се слеваат по образите. И понекогаш тие болат повеќе од допирот на жежок восок. Понекогаш далечината и свесното впуштање во нова невоља е подобар лек од самото време. Понекогаш едно одмавнување со главата или игнорирање е подобро од еден разговор, средба или мала лажна надеж.  На крајот на краиштата клинот со клин се вади, а ни љубовта не е за секој.“

   Lauren Mars, 2013