Lauren Mars, 2013
Thursday, December 26, 2013
Ништо не е тоа што беше
Lauren Mars, 2013
Friday, December 20, 2013
Чоколадо за лош ден
Коцка по коцка. Ред по ред. Полека но сигурно чоколадото исчезнуваше од масата. Така ја ублажуваше сета онаа меланхолија која ја беше обземала. Посегна кон чајот од кој сѐ уште се издигаше пареа и испушташе благ мирис. Отпи неколку голтки и сети наплив на емоции, од кои ѝ поминуваа трпки низ телото. Спомени навираа од секунда на секунда. Спомени за кои обожуваше да размислува, а знаеше, знаеше дека тие ја дотолчуваат во целост. Наеднаш почувствува чудна болка која ѝ пулсираше во слепоочниците. Длабоко издиша, и повторно го грабна чоколадото. Единствениот двигател на нејзината моментална среќа.
Lauren Mars, 2013
Tuesday, December 17, 2013
На половина пат
„Ниту јас бев добра колку што тој беше лош, а ниту пак тој беше лош колку што јас бев добра. Се најдовме некаде на половина пат.“
Lauren Mars, 2013
Lauren Mars, 2013
Monday, December 9, 2013
Притаени зборови
Ех, колку малку ѝ треба на среќата да биде среќа. И вистината
да биде вистина. И љубовта да биде љубов. И насмевката да биде насмевка. Сѐ што
треба е да се кажат правите зборови, од правата личност. Е тогаш на чудата им
нема крај. А жално е, што понекогаш баш тие зборови остануваат во едно малечко
ќоше од срцето и врескаат без глас.
Lauren Mars, 2013
Thursday, December 5, 2013
Чудесна филантропија
Lauren Mars, 2013
Subscribe to:
Posts (Atom)