Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: May 2013

Wednesday, May 29, 2013

Емотивна празнина


Ма не е битно колку време поминало. Ни уште колку ќе помине.  Гордоста е гордост, а чувствата се чувства. Секогаш ќе постои нешто што ќе те враќа назад. Негирањето на љубовта спрема некој е исто како да чекаш да заврне дожд во пустина – залудно е.


   Lauren Mars, 2013

Tuesday, May 28, 2013

Beautiful eyes, beautiful lies



„Тој секогаш се служеше со лаги за да ја каже вистината. И секогаш му верував. Или сакав само да му верувам. Веројатно неговата страна на вистината повеќе ја сакав од онаа реалната. А тој, толку долго ја носеше неговата маска од лаги што понекогаш забораваше кој е всушност.“

   Lauren Mars, 2013

Saturday, May 18, 2013

Судбината, јас и ти



„ Понекогаш ѝ се лутам на судбината кога ќе те земе од мојот и ќе те однесе во животот на некоја друга личност, а по некое време ќе те врати пак, онака молскавично.
А јас, секогаш наивно те пречекувам со раширени раце, спремна за продолжение на веќе одамна завршената приказна.
Ѝ се лутам на судбината што твоето присуство не трае долго, а остава долготрајни траги зад себе.
Ѝ се лутам затоа што од нас направи совршени странци кои најдобро се познаваат. “

   Lauren Mars, 2012