Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: March 2013

Saturday, March 30, 2013

Бал под маски


„Секој викенд по ред, нема утка. Денот ми е зафатен со пиење кафиња со другарките и подготовки за вечерта. Една вика немам што да облечам, а дома има цел плакар со нова облека,

Thursday, March 28, 2013

Да се биде или не



„И така една катастрофална вечер кога мислев дека ништо полошо не може да се случи, се појавува он пред мене. Од нигде никаде, ко од небо да паднал. И наеднаш во тој момент почнува нашата песна, срцево плаче, очиве исто, солзите течат ли течат, мислиш крај им нема. Нашево беше да се биде или не, ама гледам сме ја избрале втората опција, така е и подобро.“

Sunday, March 24, 2013

Една дождлива ноќ

Ноќта е феномен кој неможе да се објасни,бидејќи секоја започнува мирно,а ретко која носи добри и убави спомени на крајот.Сега живеам мирен живот без никакви комликации и потреби од адреналин,некогаш знам да се присетам на неа,и да посакам да се врати се како порано,но тоа трае сосема кратко и брзо исчезнува.

Saturday, March 16, 2013

Сивило



„Сѐ во животот е минливо. Оној кој бил сѐ, по извесно време станува ништо. Падовите во животот траат кратко, подемите уште пократко.
 Среќата доаѓа и си оди без воопшто и да ја забележиме, грешките во љубовта некогаш биле толку слатки, а сега насекаде ја шират својата горчина.
Луѓето си одат од нечиј живот баш тогаш кога се најпотребни, за понатаму да бидат ништо друго освен една црна дамка.Дури и љубовта избледува. Љубовта е како песна, а не постои песна без крај.
 Ништо не е сѐ така бело и сѐ така црно, сивилото е во изобилие.“

   Lauren Mars, 2013

Monday, March 11, 2013

Додека спомените не избледат



„Ах тие спомени. Ме прават среќна, а толку тажна во исто време.
Зошто секогаш го избирам најтешкиот начин да заборавам, да направам спомените да избледат? Уживам во болката додека се сеќавам на убавите моменти, знаејќи дека мали се шансите тие да се повторат.
 Но кој знае, чуда се случуваат секој ден, можеби баш утре ќе се случи нешто убаво. А кога ќе престанам да се сеќавам со присуство на болка? Ќе престанам кога спомените полека ќе избледат.
Но ќе избледат ли воопшто некогаш? Има ли крај на агонијата?“

    Lauren Mars, 2013