Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: August 2013

Saturday, August 31, 2013

Да љубиш



„Да љубиш значи да се сеќаваш. Да се сеќаваш на убавите моменти дури иако веќе не постојат. На крајот на краиштата љубовта се пишува само со спомени.“

   Lauren Mars, 2013

Thursday, August 29, 2013

Опасно блиски



Една населба, една клупа, едно сонце кое едвај продираше низ облаците. Две срца кои непрекинато треперат и еден студено – топол месец. Повторно се најдоа на она место кадешто нивната историја беше испишана по улицитe, а сите нивни воздишки врежани во воздухот. Неколку празни зборови, затскриени позади нивните мисли. Залудно ставање на маските, кои и онака ништо не вредат пред оној најблискиот. И за крај, еден нежен бакнеж во образот кој врескаше „врати се“... Но и покрај нивната пуста далечина, сѐ уште останаа опасно блиски.

   Lauren Mars, 2013

Tuesday, August 13, 2013

Блиски непријатели



 Полека се движеше со високите штикли по нерамната калдрма која водеше до нејзиниот дом. Повторно солзите се лееа по нејзиното лице кои беа црни од нејзината маскара. Косата и се вееше од ветрот, а нејзиното срце забрзано чукаше. Зимаше длабок воздух како нешто да ја гуши. Пред да стигне дома ги избриша солзите, ги побара клучевите во ташната и влезе дома.
И по не знам кој пат, како стакло ѝ се скрши она најмало парче надеж кое го чуваше длабоко во себе. И сега веќе во нејзиното срце немаше ништо. Немаше љубов, немаше чувства, немаше разбирања. За никој, освен за него. За тој малечок гад што пустошеше низ нејзиното срце правејќи ја толку кревка. Кога би ја прашала, знам дека би го направила пак тоа. Повторно би му отрчала во прегратките како тој да и е омиленото чоколадо.
 Кој би рекол дека пред една година ѝ беше сѐ. Единствено што е присутно во моментов е неговото отсуство. 

   Lauren Mars, 2013