Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: 2013

Thursday, December 26, 2013

Ништо не е тоа што беше

„И Нова година не е тоа што беше. Ни елкава не е тоа што беше. А кога ќе размислам подобро, ни летото не е тоа што беше. Ни маалото не е тоа што беше. Ни друштвото не е тоа што беше. Ни луѓето не се тоа што беа. Ни јас не сум тоа што бев, а ниту ти си тоа што беше. Всушност, ништо не е тоа што беше, затоа што тоа што беше веќе одамна помина.“

   Lauren Mars, 2013

Friday, December 20, 2013

Чоколадо за лош ден


Коцка по коцка. Ред по ред. Полека но сигурно чоколадото исчезнуваше од масата. Така ја ублажуваше сета онаа меланхолија која ја беше обземала. Посегна кон чајот од кој сѐ уште се издигаше пареа и испушташе благ мирис. Отпи неколку голтки и сети наплив на емоции, од кои ѝ поминуваа трпки низ телото. Спомени навираа од секунда на секунда. Спомени за кои обожуваше да размислува, а знаеше, знаеше дека тие ја дотолчуваат во целост. Наеднаш почувствува чудна болка која ѝ пулсираше во слепоочниците. Длабоко издиша, и повторно го грабна чоколадото. Единствениот двигател на нејзината моментална среќа.

   Lauren Mars, 2013

Tuesday, December 17, 2013

На половина пат

„Ниту јас бев добра колку што тој беше лош, а ниту пак тој беше лош колку што јас бев добра. Се најдовме некаде на половина пат.“

   Lauren Mars, 2013

Monday, December 9, 2013

Притаени зборови



Ех, колку малку ѝ треба на среќата да биде среќа. И вистината да биде вистина. И љубовта да биде љубов. И насмевката да биде насмевка. Сѐ што треба е да се кажат правите зборови, од правата личност. Е тогаш на чудата им нема крај. А жално е, што понекогаш баш тие зборови остануваат во едно малечко ќоше од срцето и врескаат без глас. 

   Lauren Mars, 2013

Thursday, December 5, 2013

Чудесна филантропија

Беа доволно далеку за да почувствуваат жед еден за друг, а сепак толку блиску за да започнат војна еден против друг. Како оган и лед. Небо и земја. Октомври и април. Како да не знаеја поинаку. Или така беа научени. 

   Lauren Mars, 2013