Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: November 2013

Sunday, November 24, 2013

Во заборав


Замаглени прозорци од кои со секоја измината минута се слеваат сѐ повеќе и повеќе капки дожд. Соба исполнета со мирис на црно кафе и мошус. И мирисот на неговото тело. Оној нежен мирис на ванила. Полу размачкан црвен кармин и очи кои едвај чекаат да ја размачкаат онаа јака маскара која ги прави навидум весели. Раце кои непромислено треперат и срце кое чука најбрзо што може. Да, тие се сеќаваат. Во она бурно невреме, повторно во замаглени мисли се сетија на ноќите поминати во ист кревет. На моментите на гордост кои секогаш завршувале со бакнеж и вкрстени раце. Како во заборав се сетија на деновите кога ќе испиеја две – три чашки повеќе, па следниот ден се смееја на глупостите. Се сетија и на оние утра кога сонцето ги будеше продирајќи со зраците низ ролетните во неговата соба. А потоа ги испија последните голтки од последното заедничко кафе. Слатко како љубов, горко како разделба. 

   Lauren Mars, 2013