Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: October 2013

Thursday, October 31, 2013

Октомври и април



„Впрочем ние бевме само вљубени и смешни. Сите знаат дека замрзнатото небо и топли изгрејсонца не идат заедно. Ти октомви, јас април.“


   Lauren Mars, 2013

Friday, October 25, 2013

На крајот од денот




„Ќе ти кажам нешто што на никој не сум му го кажал. На крајот од денот, во оние ладни, долги вечерни часови, кога се вовлекувам во кревет, и кога пушам цела кутија цигари од што не можам да заспијам, помислувам на неа. Не ме прашувај, ни сам не знам зашто. Ама ете помислувам. Не на оваа сега, не на онаа претходната или пак наредната, туку на неа. Баш на неа. А замисли, вчера посегнав по телефонот. Не, не е тоа што мислиш, не собрав храброст. А не знаеш колку копнеам да ѝ го слушнам гласот, не знам, некако ме развеселува. Тоа му доаѓа нешто како топол чај во зима, сфаќаш? Секоја вечер мислите што ме водат кон неа ме вадат од кожа. Значи нејќам, нејќам да мислам на неа. А најмногу од сѐ ја мразам помислата дека иако е толку далеку, таа е уште тука, во главава, во срцево, во вениве. Исто како никогаш да не си отишла.“

   Lauren Mars, 2013

Wednesday, October 23, 2013

Мојата нирвана


„Спаси ме од ова жолто есенско сивило и однеси ме во твојот мистичен свет. Натерај ме да ги бројам минутите до наредниот момент кога повторно ќе ни се сретнат погледите. Предизвикај ме да мислам на тебе во онаа темница, кога сум стуткана во кревет, пред да заспијам. Докажи ми дека можеш да бидеш непрестано во мојата глава, дури и кога ќе ги затворам очите. Измами насмевка на моето лице, и топлина во моето срце. Створи само убави спомени, од кои ќе ми навираат солзи од среќа секој пат кога ќе се потсетам на нив. Направи да бидам твоја. Вчера. Денес. Утре. И уште многу долго.“

   Lauren Mars, 2013