Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: July 2013

Tuesday, July 30, 2013

Не обидувај се да ме сфатиш


Крај на филмот, решија. Всушност, тој реши. И тогаш, во тој момент, една ѕвезда се слизна од небото, па уште една, и уште една. Како метеорски дожд, чиниш се струполуваа на земјата. Кога ќе дојде крај на нешто убаво, дури и ѕвездите плачат, велат. Така, онаа ноќ, како и сите нивни заеднички моменти, останаа впишани на небото, врежани во воздухот, на улиците, на местата кајшто биле. Од тогаш секоја вечер кога ќе падне ѕвезда од небото, тие се присетуваат на нивната среќна приказна со тажен крај.

„Не обидувај се да ме сфатиш“ , ѝ рече. „Понекогаш ни самиот не можам да се сфатам.“

   Lauren Mars, 2013