Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: 2014

Wednesday, December 3, 2014

Допири, допири



Нежни допири, груби допири, допири со емоции, допири со мирис на минато, допири кои зад себе оставаат длабоки траги во иднината, допири кои со себе носат солзи, допири кои умеат да го разбудат и последното жарче надеж. Крати допири, долги допири... Допири од кои не знаеш дали да пукнеш од среќа или пак, да се втурнеш во длабочините на тагата. Сочувствителни допири, лажни допири, тажни допири, допири полни љубов, а исто и допири полни омраза. Допири, допири... Сите овие допири можеш да ги почувствуваш од една иста личност и тоа, за многу кратко време, но, кој точно допир ќе го почувствуваш, зависи само од тебе.

   Lauren Mars, 2014

Thursday, November 27, 2014

Кратка историја на речиси сѐ


Тие имаа сѐ. Од солзи па до бакнежи, од прегратки па до караници, Но најважно од сѐ - имаа љубов. Токму така, тие беа кратка историја на речиси сѐ.

   Lauren Mars, 2014

Thursday, April 24, 2014

Љубов, страст и други перипетии

„Ноќта е смрдливо исполнета со љубов. Насекаде ја шири својата реа на страст, толку силно, што почнав да се задушувам. А ене го и него, на десет метри од мене. Едвај ја скротив својата горка желба да му ги заријам ноктите во неговиот врат, во неговите бедра. Гладта и гневот ми се беа свиле во стомакот, а слаткиот мирис на неговата кожа стануваше сѐ посилен и ме повикуваше. Но останав достојна на себе и својата гордост. Така е најдобро за мене. За него. За нас.“

   Lauren Mars, 2014

Tuesday, April 15, 2014

Нашиот бакнеж

„Можеби сокот од нашиот бакнеж се впиваше во нашите срца, но топлината на нашите погледи остана заробена некаде помеѓу сивилото и нашите солзи.“


   Lauren Mars, 2014

Tuesday, April 8, 2014

Вистинската погрешна личност

„Трагате по погрешната личност. Но не која било погрешна личност, туку по „вистинската“ погрешна личност - по некого што ќе го допрете со поглед полн љубов, и ќе помислите: „Ова е проблем што сакам да го имам.“ Ќе ја најдам таа посебна личност која е погрешна за мене токму на вистинскиот начин.“

(Извадок од „Daily Afflictions“)

   Lauren Mars, 2014

Tuesday, April 1, 2014

Вкусови на погрешното

„Сите ние ја бираме таа посебна личност која е вистинската за нас. Меѓутоа, ако сте проживеале доста врски, почнувате да се сомневате дека не постои вистинка личност, туку само различни вкусови на погрешната.“

 (Извадок од „Daily afflictions“)

   Lauren Mars, 2014


Thursday, March 13, 2014

Не ќе се викаше приказна да се работеше за нешто обично

Нова приказна. Нови надежи. Нови исчекувања. Нови мисли. Нови бакнежи. Нови насмевки. Нови спомени. Сѐ ново, а како да било тука сето ова време. Впрочем, не ќе се викаше приказна да се работеше за нешто обично.

   Lauren Mars, 2014

Thursday, March 6, 2014

Читајќи меѓу редови



„Среќата е секогаш тука некаде, пред нас, околу нас... Понекогш, сѐ што треба да направиме е да читаме меѓу редови.“

   Lauren Mars, 2014

Tuesday, February 4, 2014

Од денес го мразам

Решив. Од денес вртам нов лист. Од денес го мразам.
Го мразам како Цеца и Аца Лукас во Скопје,
Го мразам како торта без чоколадо,
Го мразам како скршен нокт,
Го мразам како спонзорушите во Привилиџ,
Го мразам како девојките што ги откачуваат другарките за дечковци,
Го мразам како мушамите надвор во Спалато,
Го мразам како 6ка во индекс,
Го мразам како пицата што ја чекам по пола саат во Ред Кафе,
Го мразам како изладено кафе,
Го мразам како предавања рано наутро,
Го мразам како пропуштен викенд во Спалато и Хавана,
Го мразам како размачкана шминка,
Го мразам како досаден филм, без никаква кулминација,
Го мразам како граматичка грешка во реченица,
Го мразам како строга диета,
Го мразам како фактот дека Бени нема веќе свирки во Хавана,
Го мразам како ветрот кога ми ја разбушавува косата.
Ете така, од денес го мразам.

   Lauren Mars, 2013

Sunday, February 2, 2014

За старите чувства

„Нема лек за старите чувства. Тие секогаш знаат да се пробијат низ најтемното и најдлабокото катче од срцето, и да излезат повторно на виделина. Но, зошто да се разгорува жарчето, кога огнот и онака веќе одамна згаснал?“

   Lauren Mars, 2014

Tuesday, January 21, 2014

Зборови, зборови

„Зборови, зборови... Така излетани од уста како молња, така нафрлени на купче. Мислиш еден со еден врска немаат. Мислиш ништо не значат. Ама знаат да ја откинат душата и секое парче од телото. Ех, зборови, зборови... Болат како сол на рана. Како трн во око. Како стрела во срце.“

   Lauren Mars, 2014

Monday, January 20, 2014

Бура во бурата

„Кога и да помислиш дека бурата само што прекинала, и на повидок е сонцето, кое ќе ти донесе среќа, знај дека доаѓа уште една, поголема бура. Насмевни се, вчера беше полошо од денес, исто како што денес е полошо од утре.“

   Lauren Mars, 2014

Wednesday, January 15, 2014

Круг во кругот

„Како што во секое дно, има уште едно, поголемо дно, и после секој крај, има уште низа на краеви, така и во секој круг има круг. И некогаш тој круг се врти со преголема брзина.“

   Lauren Mars, 2014

Friday, January 3, 2014

Презир на дланка



Со главата спуштена надолу, и поглед стациониран кон масата, повремено скришно погледнуваше кон неа. Скаше да ѝ каже колку е среќен што ја гледа. Сакаше да ѝ рипне во прегратки како мало дете. Сакаше да ја допре нејзината врела кожа, која секогаш стануваше кадифено мека од неговиот допир. Но достоен на својата гордост, ноншалантно си пиеше од својот коњак и отсутно гледаше во телевизорот, слушајќи ја како се кикоти зборејќи со останатите од собата. Нејзиниот глас, кој некогаш му беше мелем, овојпат го здоболуваше толку што почна да ја мрази. Почна да ги мрази сите. Почна да се мрази самиот себе. Посака да е сам, така и најдобро умее да функционира. Сам со себе.

   Lauren Mars, 2014