Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: January 2014

Tuesday, January 21, 2014

Зборови, зборови

„Зборови, зборови... Така излетани од уста како молња, така нафрлени на купче. Мислиш еден со еден врска немаат. Мислиш ништо не значат. Ама знаат да ја откинат душата и секое парче од телото. Ех, зборови, зборови... Болат како сол на рана. Како трн во око. Како стрела во срце.“

   Lauren Mars, 2014

Monday, January 20, 2014

Бура во бурата

„Кога и да помислиш дека бурата само што прекинала, и на повидок е сонцето, кое ќе ти донесе среќа, знај дека доаѓа уште една, поголема бура. Насмевни се, вчера беше полошо од денес, исто како што денес е полошо од утре.“

   Lauren Mars, 2014

Wednesday, January 15, 2014

Круг во кругот

„Како што во секое дно, има уште едно, поголемо дно, и после секој крај, има уште низа на краеви, така и во секој круг има круг. И некогаш тој круг се врти со преголема брзина.“

   Lauren Mars, 2014

Friday, January 3, 2014

Презир на дланка



Со главата спуштена надолу, и поглед стациониран кон масата, повремено скришно погледнуваше кон неа. Скаше да ѝ каже колку е среќен што ја гледа. Сакаше да ѝ рипне во прегратки како мало дете. Сакаше да ја допре нејзината врела кожа, која секогаш стануваше кадифено мека од неговиот допир. Но достоен на својата гордост, ноншалантно си пиеше од својот коњак и отсутно гледаше во телевизорот, слушајќи ја како се кикоти зборејќи со останатите од собата. Нејзиниот глас, кој некогаш му беше мелем, овојпат го здоболуваше толку што почна да ја мрази. Почна да ги мрази сите. Почна да се мрази самиот себе. Посака да е сам, така и најдобро умее да функционира. Сам со себе.

   Lauren Mars, 2014