Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: September 2013

Wednesday, September 25, 2013

Не верувам!



„Не знам дали од неискуство или од страв порано верував на секој и во сѐ. Но како што надоаѓаа годините почнав да не верувам во сликите кои имаат одраз на минато. Не верувам во зборови кои означуваат лажна надеж. Не верувам дека личностите од минатото ќе ги има и на наредната страница. Не верувам во нова љубов која сѐ уште не ја надминала старата, исто како што не верувам во старата љубов која прераснала во навика. Не верувам во насмевката која означува лага. Не верувам во бакнежот кој означува разделба. Не верувам во спомените што не избледуваат. Не верувам во пријателствата по потреба. Не верувам во инстант врски кои траат додека да трепнеш. Не верувам во работи кои од далеку изгледаат на љубов, а се само страст. Не верувам во лагата која се претставува како вистина. Не верувам во т.н. исправни одлуки кои зад себе носат нови грешки. На крајот на краиштата понекогаш ни вистината не е целосно вистинска.“

   Lauren Mars, 2013

Wednesday, September 18, 2013

Бакнежи, цигари и канделабри


„Беше тоа една долга, студена ноќ во еден исклучително топол месец. Или требаше да биде топол. А не беше. Наеднаш се појави една силуета во темнината. Во раката држеше цигара, која со димот го заматуваше и онака тешкиот воздух. Тоа беше тој, го препознав по движењето. Стоевме така едно време припиени еден до друг под една улична канделабра, која ни ги осветлуваше лицата. Беше толку блиску до мене што можев да го почувствувам трепетот на неговото срце. А нашиот бакнеж можеби требаше да биде нашата разделба. А не беше. Беше само уште еден почеток во низата на продолженија.“

   Lauren Mars, 2013

Monday, September 16, 2013

Минути на сатисфакција



„Затоа што срцето не бира со која личност дури и тишината има вкус на спокој и топлина.“

   Lauren Mars, 2013