Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Чоколадо за лош ден

Friday, December 20, 2013

Чоколадо за лош ден


Коцка по коцка. Ред по ред. Полека но сигурно чоколадото исчезнуваше од масата. Така ја ублажуваше сета онаа меланхолија која ја беше обземала. Посегна кон чајот од кој сѐ уште се издигаше пареа и испушташе благ мирис. Отпи неколку голтки и сети наплив на емоции, од кои ѝ поминуваа трпки низ телото. Спомени навираа од секунда на секунда. Спомени за кои обожуваше да размислува, а знаеше, знаеше дека тие ја дотолчуваат во целост. Наеднаш почувствува чудна болка која ѝ пулсираше во слепоочниците. Длабоко издиша, и повторно го грабна чоколадото. Единствениот двигател на нејзината моментална среќа.

   Lauren Mars, 2013

No comments:

Post a Comment