Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Длабинска љубов

Sunday, June 2, 2013

Длабинска љубов




„ Види ја, пак се шета сама наоколу. Абе ти кажувам, сама е, сама и ќе си остане. За таквите како неа што пребираат многу нема среќен крај на приказната. Типичен сноб. “
 
Ма не. Не, не. Таа во никој случај не трагаше по перфекција. Ниту пак по некој си мачо мен или Дон Жуан. Само сакаше длабинска љубов. Некој да ја сака и во нејзините најлоши денови. Некој кој нема да и сврти грб по некоја мала караница. Некој кој заслужува да влезе во нејзиното чисто срце. 

 А сите со кои била до сега биле површни. Од крајност до крајност. Имаше еден што најбитни во животот му беа другарите, а таа секогаш беше во краен план, колку да се рече. А имаше и еден кој секој ден ја опсипуваше со излитени клишеа од типот на ти си мое злато, те сакам, не можам без тебе.
Сакаше златна средина. Нешто сосема искрено. Нешто што ќе и го подигне адреналинот во крвта до точка на вриење. 

„ Ма што знам, мене не ми изгледа на сноб. Погледни и ги очите. Во нив има некаков спокој и љубов. Не можеш да не ја сакаш. Можеш само да ја сакаш на милион начини и пак да не ти биде досадно. “


   Lauren Mars, 2013

No comments:

Post a Comment