Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Понекогаш

Thursday, June 6, 2013

Понекогаш



„ А најтешко е кога навираат спомени од една слика, од една песна, од еден поглед. Сѐ во дел од таа една секунда. Секунда која се чини како да трае цела година.
Тогаш како да запира времето и солзите како да сакаат да излетаат од очите. Како едвај да чекаат да се слеваат по образите. И понекогаш тие болат повеќе од допирот на жежок восок. Понекогаш далечината и свесното впуштање во нова невоља е подобар лек од самото време. Понекогаш едно одмавнување со главата или игнорирање е подобро од еден разговор, средба или мала лажна надеж.  На крајот на краиштата клинот со клин се вади, а ни љубовта не е за секој.“

   Lauren Mars, 2013

No comments:

Post a Comment