Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Зад маската

Monday, November 4, 2013

Зад маската

Кога се зборува за чувствата секогаш е најтешко,човек има толку многу да каже,но и толку многу се плаши,неговото "искрено"ако го извади од себе да не биде и злоупотребено и искористено против него на најлош можен начин...
Многу би ја започнале приказната со тоа,не знам од каде да почнам..епа јас точно знам како започна се,понекогаш се прашувам што ми требаше да се најдам таа вечер со нејзе во ист локал..Пишание?Можеби,а можеби и само лекција од оној горниот за мене..Еднаш преживеав таква лекција,па не знам дали ова се беше само еден тест за мојата издржливост и мојот карактер..Како и да е,се сеќавам дека започна како и секоја авантура,ни на крај памет не помислив дека она ќе биде таа,можеби поради начинот на кој ја третирав сите овие години,беше ок девојка,а јас бев дечко кој мислеше дека животот е за да се живее во еден здив..Ова чуство кое го имам сега во градите и кое ме пецка и гори што ме тера да размислувам и на најлошото,кога ќе ми текне дека,кај нејзе било присутно четири ебани години,а мене ми требаше исто толку време за да сфатам каде грешам и што правам толку погрешно.Секогаш ми беше на дофат ,секогаш беше покрај мене,дури знаев и да барам утеха во нејзина прегратка за некоја лоша авантура која сум ја имал,на која сега ни името не и го знам..Имавме се,се имавме еден за друг,сега се е потонато во вода.Би сакал се да се врати,би сакал господ да ме врати една година наназад да можам се да променам,али барем да беше се како што ние сакаме во животов..Имаше периоди кога не сакав ни да ја погледнам,кога ми беше одмилена,али секогаш на крајот се враќав во тие прегратки и на таа мила и насмеана фаца,која знам не е најубава и најзгодна,но е моја фаца,мое олицетворение.После четири години сфати кој и што сум јас,го согледа моето гледиште кон неа,и сфати дека е подобро да биде со друг отколку со мене,сега се е променето,а толку исто..Сега морам да ја гледам секој ден поради други причини,а исто така морам да знам и дека веќе не смеам да ја помилувам и бацам како порано,мора човек да се навикне и на тоа.Чувствата ги крие подмолно,од време на време знам да прашам,но не се дава толку лесно,вели дека веќе не постојам,вреден сум само како човек,доколку утре заминам во друг свет,ќе бидам само еден човек минус на планетава,ех нешо сеуште дава надеж,али и таа згаснува,каде е времето кога бевме искрени,кога не беше потребно туѓо мислење за нашите постапки,кога си верувавме,изгледа и тоа отишло у курац,баш како нас..

   T. Daniels, 2013

No comments:

Post a Comment