„И така, во еден момент останав вџашена и наполно беспомошна.
Чувствував како болката струи во секое делче од моето тело со секоја измината
секунда. Дури и дишењето беше голем замав за мене. Bчера ми рече ќе ми се јави
денес, а веќе денот полека изминува и станува утре. А утре ќе стане и задутре. И
сѐ така до недоглед, додека надежта која сега е распламтена и ми татни низ
ушите, не стивне. А тој, сѐ уште ќе си остане истиот. Бесрамно нежен. Проклето добар.
Хедонистички љубовник. Безобразно заводлив. Но не и мој. Не повеќе.“
Lauren Mars, 2013
No comments:
Post a Comment