Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Кога јас престанав да бидам јас?

Thursday, April 16, 2015

Кога јас престанав да бидам јас?


Жешка вечер, август, 14 ден, поточно. Ми треба простор, рече, си замина. И тогаш, таа жешка вечер како да ме поли со мраз ладна вода. Неверување, сомнежи, страдања... дали тогаш јас престанав да бидам јас? Не, си велам. Јас сум доволно силна за да успеам да поминам низ некое лошо искуство. Октомври, неколку години подоцна, со неколку непробани шанси претходно. Се случи. Нешто ново, си реков. Но, како поминуваше октомври, така и тоа згаснуваше. Не се јави повторно, како што октомври си замина, така и тој. Се запрашав, дали јас престанав да бидам јас тогаш? Не, не, не може да ме „среди“ нешто толку наивно. Нова година, нови надежи, си повторував во себе. Всушност, чинам, тоа го вели секој кому нешто му ја јаде душата одвнатре, онака колку за изговор. Но, што кога тие „нови надежи“ се претвораат во стари навики? Истите лица околу мене, истите разговори, истите навики. Дали монотонијата направи јас да престанам да бидам јас? Пролет. Почна така тажно. Дождови, ветрови, сиви улици. Кога и да почнев да размислувам, сфаќав дека сум иста како пролетта. Дали јас престанав да бидам јас кога сфатив дека сум сама на светот? Или можеби јас не сум јас уште одамна? Но, кога и тие престанаа да бидат тие?

   Lauren Mars, 2015

No comments:

Post a Comment