Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: А таа крие во себе

Tuesday, March 5, 2013

А таа крие во себе



„Беше една јануарска вечер, ладна како по обичај. Го немав видено подолго време. Уште пред да излезам го имав она чувствто на неспокој, како да знаев што следи, како да знаев дека ќе го видам. И да, го видов, го видов со неа, видов и како ме погледнаа. Се почувствував толку чудно. Поминав покрај него како покрај тотален странец, го почувствував студенилото на неговото срце, беше ладно исто како зимата. А во мене царуваше тагата.
Не дозволив тоа да го примети, само се насмевнав иако знаев дека утре е ден за плачење.
 Го сокрив тоа длабоко во себе, но знам, знам дека знае сѐ, тој најдобро ме познава.“

   Lauren Mars, 2013

No comments:

Post a Comment