Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Бал под маски

Saturday, March 30, 2013

Бал под маски


„Секој викенд по ред, нема утка. Денот ми е зафатен со пиење кафиња со другарките и подготовки за вечерта. Една вика немам што да облечам, а дома има цел плакар со нова облека,
друга вика не можам да го носам ова фустанче, сите ме имаат видено во него, трета вика се ми е износено, а пред некој ден си купила цела нова гардероба и се така до бескрај. На крај паѓа некој договор кој што да носи.
 Обавезно пред да излеземе се собираме кај некоја и тогаш настанува тотален хаос. Следува тепачка пред огледало, на една и се размачкала шминката, на друга и се скинале хулахопките, на трета и се скршил ноктот и што уште не. Неизбежни се тензиите и високите очекувања од вечерта.
 И кај и да отидеш, секаде е исто. Ќе видиш луѓе кои вешто се кријат зад својата маска. Ќе видиш машки кои утеха од проблемите бараат во алкохолот, ќе видиш девојки кои своите спомени и сеќавања ги кријат зад лажната насмевка, совршената шминка, тесниот фустан и високите штикли.“

(Inspired by A. Lopez)

   Lauren Mars, 2013

No comments:

Post a Comment