Web Toolbar by Wibiya Мемоарите на Лорен Марс: Една дождлива ноќ

Sunday, March 24, 2013

Една дождлива ноќ

Ноќта е феномен кој неможе да се објасни,бидејќи секоја започнува мирно,а ретко која носи добри и убави спомени на крајот.Сега живеам мирен живот без никакви комликации и потреби од адреналин,некогаш знам да се присетам на неа,и да посакам да се врати се како порано,но тоа трае сосема кратко и брзо исчезнува.
Никоја нема да успее да ја замени ја сум сигурен во тоа,дури ни сегашната па ни идната нема да биде тоа,што некогаш она била за мене..
Човечки е да се згреши и човечки е да се прости,но незнам зашто она ја имаше таа маана,да незнае што е правилно а што погрешно..
.Беше вечер како и оваа,доста дождлива исполнета со светкања и грмотевици,приметив дека мојата кутија со цигари е празна па се симнав да купам нова,на прагот од влезот забележав едно познато лице,али сликата не беше јасна поради темнината од која продираше ликот,кога се доближив до прагот и увидов кој стои пред мене,срцето ми заигра,но и здоболе кога го видов нејзиното расплакано лице,и темно синиот шешир кој и го подарив јас..Го зимаше последниот дим од намокрената цигара,ме погледна со тие небесно сини очи и силно ме прегрна,ја запрашав што и е,ми одговори само,спремна сум конечно...спремна сум конечно да се посветам на тебе,на мене,на нас...седнавме на скалите од влезот,и гледавме во една точка,сакав да проговорам нешто,но и нешто ме кочеше.
Незнам дали тоа беше болката во срцето,или пак разумот овој пат не ми дозволи да проговорам,и да и дозволам повторно да биде дел од мојот живот,и реков само те молам оди си,и не се враќај никогаш повеќе..затоа што секогаш кога животот ти носи лоши искуства,подоцна се сеќаваш на едно добро и се навраќаш на тоа..Време е тоа да престане..од очите и навираа солзи,пред да си замине само ми ја подаде левата рака,и над дланката забележав мала тетоважа на која беше испишана датата на која ја запознав.. потоа таа замина во темнината,и никогаш повеќе не ја сретнав,а ниту пак бев чул нешто за неа,така е и подобро...

   -T. Daniels, 2013

No comments:

Post a Comment